Милевски го објави составот, капитенот Ристовски се враќа во тимот

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски ги избра единаесетмината , кои ќе го почнат вечерашниот натпревар против Исланд во Скопје во рамки на завршното коло од квалификациската група Ј за пласман на Мундијалот идната година во Катар. 

Во составот на „црвено – жолтите” по издржаната суспензија поради жолти картони се враќа капитенот Стефан Ристовски, а во формацијата 4-4-2 нападот го сочинуваат неговиот помлад брат Милан Ристовски и Александар Трајковски. 

Почетен состав на македонската репрезентација за натпреварот против Исланд:

Димитриевски – Стефан Ристовски, Муслиу, Велковски, Алиоски – Елмас, Барди, Костадинов, Чурлинов – Милан Ристовски, Трајковски. 

Македонската репрезентација со триумф вечерва од 18 часот на Национата арена „Тодор Проески” во Скопје ќе обезбеди историски бараж во мундијалските квалификации пред жрепката што е закажана на 26 ноември. 

Треба да знаете
Последни објави