Џенифер Лопез на врв на пирамида од танчари во епско полувреме на “Супер боул“

Џенифер и Шакира настапија на музичкиот спектакл на полувремето на „Супер Боул“(Super Bowl 2020), најочекуваниот спортски настан во Америка, што се одржа на стадионот „Хард рок“ во Мајами, Флорида.

Двете латино-диви, Шакира и Џенифер Лопез приредија незаборавно шоу на сцена преполна со танчери, смели и раскошни костими, електричен перформанс во текот на спектаклот во неделата вечерта.

50-годишната Џej Ло на сцената се појави веднаш по Шакира, и ја разбуди публиката со микс од нејзините најголеми хитови меѓу кои Jenny From The Block, Love Don’t Cost A Thing, и Waiting For Tonight.

Таа ја воодушеви публиката со вештините за танцување што ги стекна од тренингот за филмот „Хастлерс“, а потоа со песна што ја отпеа на врвот на пирамида од танчари, и на крајот мини дует со нејзината 11-годишна ќерка Ема.

 

Треба да знаете
Последни објави