Реал Мадрид нема ниту еден пораз оваа сезона кога дефанзивците Рафаел Варан и Серхио Рамос беа заедно во тимот. Двата пораза мадридскиот клуб ги доживеа кога некој од овие играчи не беше во составот. Тоа се случи во натпреварот од групната фаза од Лигата на шампионите против ПСЖ (0:3), Варан не влезе на теренот, додека во шпанската Ла Лига против Мајорка (0:1) не играше Рамос.
Со тандемот Рамос – Варан во составот, Реал Мадрид не загуби на 23 натпревари на сите турнири.
Покрај тоа, Варан и Рамос постигнаа девет гола оваа сезона.
Зад нив е тандемот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк и Џо Гомез со 20 натпревари без пораз, а трети се бранителите на ПСЖ, Тиаго Силва и Преснел Кимпембе со 17 средби без пораз.