Бројот на турските војници убиени за време на бомбардирањето на нивните позиции во Сирија се зголеми на шест, објави каналот НТВ, повикувајќи се на турското Министерство за одбрана.
Претходно, Министерството за одбрана објави дека загинале четворица турски војници, додека деветмина биле повредени за време на нападот на сириските сили на североистокот на провинцијата Идлиб.
Турските сили веднаш одговориле на нападот и уништиле цели во Идлиб.
Анкара тврди дека бомбардирањето го извршила сириската армија и дека Дамаск бил известен однапред за локацијата на турските сили.
Рускиот центар за помирување на спротивставените страни во Сирија соопшти дека сириските владини сили случајно ги погодиле турските војници за време на бомбардирањето на терористите во Идлиб, бидејќи Анкара не ја предупредила Русија за движењето на своите трупи.