Во рамките на иницијативата на грчкиот премиер за ситуацијата со фудбалот во земјата, државниот министер на Грција, Јоргос Герапетритис, денеска и утре во Швајцарија ќе одржи средби со високи претставници на ФИФА и УЕФА, објавија грчките медиуми.
Според истите информации, целта на патувањето и средбите што ќе ги има Герапетритис е да се постигне меморандум со двете федерации за да се среди состојбата во грчкиот фудбал, јави дописничката на МИА од Атина.
Иницијативата за меморандум со ФИФА и УЕФА ја најави минатата седмица, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.