Стеф Кари го надмина Реј Ален и стана најдобар тројкаш во историјата

Голден Стејт Вориорс запиша нова победа на домашен терен и тоа на убедлив начин против незгодниот Чикаго Булс.

Прво име во редовите на „воините“ беше Стеф Кари. Одличниот шутер постигна 40 поени и сруши апсолутен рекорд во НБА лигата. Сега 33-годишникот стои на бројката од 3.366 тројки во регуларниот дел од сезоната и плеј-офот. Тоа е доволно за прво место на вечната листа, со осум повеќе од досегашниот рекордер Реј Ален.

За Кари останува да го надмине и бројот на тројки на Ален само во регуларниот дел од сезоната. Поранешниот тројкаш на Мајами, Бостон и Милвоки запиша 2.973, а членот на Голден Стејт засега има 2.896 тројки во својата кариера.

Треба да знаете
Последни објави