(Видео) Настапот на Џеј Ло на Супербоул оценет како провокација за Трамп

Дел од перформансот на Џенифер Лопез (50) на Супербол, американските медиуми го оценија како провокација за Доналд Трамп, поради „деталите“ што латинопејачката ги прошета на сцена.

Станува збор за бундата која е во боите на знамето на Порторико, специјално направена за перформансот на пејачката на тој важен настан.

Embedded video

Џенифер и нејзината ќерка Ем (11) ја изведоа песната на Брус Спрингстин „Born In the USA“ и гордо го носеа заедно знамето на Порторико.

Џенифер е родена во Бронкс, но нејзините родители се од Порторико. Пејачката отсекогаш гордо го потенцираше своето латинско потекло на јавната сцена.

Треба да знаете
Последни објави