Две лица убиени и едно рането во пукотница во универзитет во Тексас

Две лица се убиени, а едно е рането во пукотница во еден универзитетски кампус во Тексас, соопшти полицијата.

Универзитетот A&M во Комерс, во сојузната држава Тексас, соопшти дека се слушнале три истрела од огнено оружје и дека две лица се убиени на лице место, додека третото е рането и пренесено во болница, пренесоа американските медиумите

Универзитетот на студентите и вработените им упатил препорака да не излегуваат од своите простории, а часовите се откажани.

Американските медиуми наведуваат дека полицијата го блокирала универзитетот и дека засега не е познато дали се трага по напаѓачот.

Градот Комерс е одалечен околу 100 километри североисточно од Далас.

Треба да знаете
Последни објави