Бијонсе и Џеј Зи не сакале да станат додека се изведувала националната химна

Популарната пејачка Бијонсе (38) и нејзиниот сопруг, раперот Џеј Зи (50) ги шокираа Американците затоа што седеле за време на изведувањето на националната химна на „Супербоул“, иако културата наложува да се стои кога се изведува химната.

Бијонсе, Џеј Зи и нивната ќерка Блу Ајви (8) присуствуваа на еден од најголемите спортски настани во Америка, носеле облека во вредност од неколку илјади евра, но беа цел на негативни критики поради нивната постапка на почетокот на настанот.

Музичката двојка ги налути Американците и предизвика лавина реакции на социјалните мрежи каде што сите ја објавуваат нивната снимка на Супербоул со негативни коментари.Додека Деми Ловато (27) ја пеела националната химна целиот стадион бил на нозе, со исклучок на Бијонсе, Џеј Зи и Блу Ајви, тие дури се наведнале за да го видат подобро теренот.

„Тие треба да се иселат надвор од земјата ако не можат да стојат тие неколку минути додека трае химната“, коментираа фановите кои истакнаа дека двајцата ѝ даваат „одличен“ пример на својата наследничка.

Џеј Зи неодамна потпиша партнерски договор со НФЛ и од него се очекува да стои кога се изведува националната химна.

Треба да знаете
Последни објави