Пендаровски во официјална посета на Полска

Претседателот Стево Пендаровски, денеска, ќе престојува во официјална посета на Република Полска.

Пендаровски во Варшава со највисоки државни и воени почести ќе биде примен од претседателот на Република Полска, Анджеј Дуда, а ќе оствари билатерални средби со маршалот на Сејмот, Елжбијета Витек, и со маршалот на Сенатот, Томаж Гроцки.

Предвидено е претседателот да оствари средба со истакнати слависти и македонисти, кои живеат и работат во Република Полска.

За време на официјалната посета, тој ќе биде придружуван од сопругата, Елизабета Ѓоргиевска.

Треба да знаете
Последни објави