Поранешниот напаѓач на Челзи, Ејдур Гудонсен го сподели своето мислење за преселбата на играчот на Шангај, Одион Игало во Манчестер јунајтед во последните часови од зимскиот преоден рок.
-Трансферот во Игало во најголем дел се должи на она што се случи во зима. Мислам дека не беше достапен ниту еден од најдобрите напаѓачи. Сметам дека најдобрите офанзивци повеќе не сакаат да играат за Манчестер јунајтед, изјави Гудонсен за „Скај спортс”.
Манчестер јунајтед по 25.кола во Премиер лигата се наоѓа на 7.место со 35 бода.