Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ
„Крајот на СДСМ е секој ден се поочигледен. Паниката во Бихаќка се повеќе расте, и манипулациите и лажни вести им се пуштени на најјако. Наместо СДСМ да ги манипулира граѓаните, редно време е да одговори за аферите кои произлегоа, а вмешан е Зоран Заев и половина од нивното раководство.
Решението граѓаните на Република Македонија веќе одамна го знаат, а тоа е дека Зоран Заев и СДСМ мора да паднат од власт и никогаш да не се вратат.
Граѓаните знаат дека кога СДСМ е на власт, Македонија тоне на секое поле.
По 12-ти април ќе започне обнова на Република Македонија заедно со новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Зоран Заев и СДСМ никогаш повеќе“.