Поранешниот прв светски тениски рекет Матс Виландер зборуваше за предностите на Новак Ѓоковиќ во однос на конкурентите. Швеѓанецот му предвидува најмалку уште четири трофеи од гренд- слем турнирите, а верува дека може да стигне и до 25.
– Новак знае како да го исцрпи противникот, додека не ја покажува најдобрата игра на некои точки од натпреварот. Никогаш не паничи, дури и кога е уморен или вознемирен. На турнирите, најимпресивно е што тој го игра секој натпревар како финален натпревар, без оглед кој е противникот. Јас би бил изненаден ако годинава тој не победи барем уште на два „гренд-слема”. Всушност, не знам кој може да го спречи да земе најмалку уште четири. Дури мислам дека во неговата кариера може да освои 25, изјави Виландер.
Ѓоковиќ минатиот викенд победи на Австралија опен и стигна до 17. трофеј од најпрестижните тениски турнири.