„Празните градски улици пружаат слика на безгрижен непотрошувачки свет. Коронавирусот е на сите вести и не се преправам дека сум медицински експерт, но постојат прашања кои би сакал да ги одговорам-каде се фактите, а каде почнува идеологијата?“ вели Жижек.
Според него, постојат многу полоши епидемии, па прашува зошто толкава опсесија со оваа епидемија ако секојдневно умираат од останати заразни болести.
„Се чини дека тука на дело очигледна расистичка паранија, сетете се на сите фантазии за Кинезинките во Вухан кои ја вадат кожата од сите живи змии и срцата од глувци во супата. Всушност, овој кинески град најверојатно е еден од најбезбедните места на светот“ додава Жижек.
Што ќе се случи ако вирусот мутира на непредвидлив начин и предизвика вистинска глобална катастрофа, прашува тој.
„Ова е и моја приватна параноја. Нели причината поради која властите искажуваат паника е во тоа што знаат нешто за можните мутации, а не сакаат да го изнесат тоа во јавност за да избегнат хаос и немири? Едно е сигурно, изолацијата и натамошните карантини нема да бидат успешни.
Жижек повикува на целосна и безусловна солидарност и глобално координиран одговор, нова форма на она што некогаш се нарекуваше комунизам.
„Ако не ги насочиме своите напори во таа насока, тогаш денешен Вухан може да биде слика на град на нашата иднина“ предупредува словенечкиот филозоф.
Тој додава дека кога маскирани граѓани на Вухан се шетаат околу и бараат лекови или храна, на нивните умови дефинитивно нема антипотрошувачки мисли, туку само паника, бес и страв.
Жижек вели дека целосно е свесен за опасноста со која се соочува поради ова јавно изнесување на неговите мисли. Но, предупредува дека ако во Кина имало луѓе кои се обиделе да ја заташкаат епидемијата, тогаш тие, треба да се срамат исто како советските власти во Чернобил, кои јавно тврдеа дека нема опасност додека ги евакуираа сопствените семејства.