Актуелниот фудбалски првак на македонија, тетовска Шкендија ги засили сцоите редови за пролетниот дел од сезоната со младиот француски репрезентативец, Абубакер Ес Сахал. Французинот во Тетово доаѓа од редовите на Генгамп, а се поврзуваше и со трансфер во Бенфика, Вулверхемптон, Стоук и Аталанта.
Абубакер ЕС Сахал има настапувано за младинските репрезентации на Франција до 17 и до 18 години. Шкендија во одбраната на титулата во пролетниот дел ќе тргне со заостаток од осум бода зад лидерот Вардар.