Соопштение за јавност-реакција на изјава на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ
ВМРО-ДМПНЕ може да постави и уште милион прашања до Царовска и до Владата предводена од СДСМ. Одговорот на сите ќе биде ист: ВМРО-ДПМНЕ цела деценија ја водеше државата во неповрат.
ВМРО-ДПМНЕ им ги кратеше пензиите на пензионерите. ВМРО-ДПМНЕ сееше и продолжува да се сее страв со бегалците ВМРО-ДПМНЕ ги остави со децении вработените на минималец од 9.000 денари. ВМРО-ДПМНЕ дозволи да се врзуваат деца за радиjатори во гломазните институции.
ВМРО-ДПМНЕ цели 10 години ги оставаше најранливите во систем за социјална заштита, давајќи им само трошки. ВМРО-ДПМНЕ заборави на градинките, воспитувачите и негователките. За децата се грижеше нестручен кадар кој со години работеше за минималец. ВМРО-ДПМНЕ ги политизираше и продолжува да ги политизира институциите вршејќи притисоци врз администрацијата попречувајќчи ги процесите и реформите кои носат само добро на граѓаните.
ВМРО-ДПМНЕ беше и остана извор на непознавање на основни и суштински работи. Како што е непознавање на професијата социолог и социјален работник. Одговорот на прашањата го знаат граѓаните. На 12 април тие ќе одберат опција за одење кон подобро и напред, а не за враќање назад во неповрат.“