Колумбиската пејачка во неделата наполни 43 години и го прослави роденденот со настап на стадионот „Хард рок“ во Мајами на полувреме на натпреварот помеѓу Канзас Сити и Сан Франциско. Таа не можеше да побара подобар ден за прослава.
Шакира го отвори музичкиот спектакл со една од нејзините најпознати песни She Wolf, а потоа продолжи во совршен ритам со танците по кои е позната.
„Ние Латиноамериканците вечерва го искачивме Килиманџаро и направивме историја,“ напиша Шакира на Твитер веднаш по спектаклот на кој прво настапи соло а потоа заедно со Џенифер Лопез.
Легендарниот стомачен танц кој низ годините стана нејзин заштитен знак ја крена публиката на нозе.
Заводливиот танц на латино-дивата која ги испеа своите најголеми хитови She Wolf, Empire, Whenever, Wherever не остави никого рамнодушен, а нејзиниот настап го засени и самиот натпревар.