Север и Југ распродадени за мечот со Исланд, ФФМ ги отвори вратите и за Исток и Запад

Македонската фудбалска репрезентација ќе има голема подршка од трибините на последниот квалифиакциски натпреавр од групата Ј за пласман на СП-2022 со Исланд в недела (18 часот) на арена „Тодор Проески. Досега пуштените билети за северната и јужната трибина веќе се распродадени, поради што челниците на ФФМ решија да ги отворат вратите и на останатите две трибини – Исток и Запад. Од ФФМ информираат дека влезниците веќе може да се купат по цена од по 100 денари.

-ФФМ ги отвора и источната и западната трибина од арената „Тодор Проески“ за натпреварот Македонија – Исланд од квалификациите за СП 2022. Сто денари е цена на билет за источната и западната трибина. Влезниците можат да се купат преку ‘Мк тикетс’“, информираат од ФФМ.

Треба да знаете
Последни објави