Голеада во Анталија: Шкендија одигра 3:3 против дански Рандерс

Фудбалерите на Шкендија по вторпат ремизираа на контролните мечеви во Анталија. По оние 0:0 против чешка Карвина, македонскиот шампион денеска одигра 3:3 против дански Рандерс, а во меѓувреме славеше над Серед од Словачка со 3:2.

Двоен стрелец за тетовци беше Агим Ибраими од игра и од пенал, третиот гол беше дело на Бесарт Ибраими. Головите за противничката екипа ги постигнаа Рис, Камара и Кехинде.

Настап за тетовските „црвено-црни” забележа и најновиот член во составот на Ернест Ѓока, Французинот Абубакер ес Сахал кого Шкендија го потврди денеска како нејзин најнов играч.

Треба да знаете
Последни објави