Британската Влада соопшти дека сите нејзини граѓани треба да ја напуштат Кина за да избегнат ризик од инфекција со коронавирусот од Вухан.
„Безбедноста на британскиот народ секогаш ќе биде наш главен приоритет. Ги советуваме британските државјани во Кина да ја напуштат таа држава доколку можат, за да го минимизираат ризикот од изложеност на вирус”, се вели во изјавата за секретарот за надворешни работи, Доминик Раб.
Според властите во Лондон, само „неопходниот персонал потребен за да продолжи со работа” ќе остане во Амбасадата и конзулатите во Кина, ограничувајќи ја нивната можност да им помогне на британските граѓани.