Делегација на ОМ, по повод 148 години од неговото раѓање, положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев

Делегација на Обединети за Македонија, предводена од Претседателот  Љубе Бошкоски, по повод 148 години од раѓањето на револуционерот Гоце  Делчев, положи свежо цвеќе на неговото вечно почивалиште.

По церемонијата, имавме средби со граѓаните низ Старата Скопска Чаршија.

Гоце Делчев е визионер, патриот и човек кој го подарил најсветото  нешто за слободата на народот на Македонија и Одринско – животот.

Изградена врз темелите на неговите идеали – нашата држава треба да ги  следи неговите чекори.

Секоја политичка опција има различни идеи и погледи за подобро утре.  Но, не` обединува љубовта кон нашата Македонија.

Со влегувањето во НАТО и одење напред кон членство во ЕУ, сме чекор  поблизу до исполнувањето на вековниот сон на Гоце Делчев, но и целиот  македонски народ, без разлика на вера, националност, пол и убедување:  слобода, безбедност, стабилност и подобро утре.

Со почит кон минатото и со поглед кон иднината, да обезбедиме сигурна  иднина за нашите поколенија.

Треба да знаете
Последни објави