Драган Антоновски од „Агенда 20 -24  – Отворена Власт”: Слободата на говор не значи слободно да се клевети и да се шират  невистини

На програмската трибина „Агенда 20 – 24 – Отворена Власт”, директорот на Медимската Информативна Агенција (МИА), Драган Антоновски, истакна дека слободата на говор не подразбира и слобода да се шират невистини или слобода да се клевети.
Антоновски истакна дека од голема важноста е и писменоста на новинарите.
„Тоа е сегмент на којшто треба да се обрне сериозно внимание. Многу е битно предвид да се земат забелешките на Советот за етика на медиумите и другите здруженија. Многу е битно да се види со што се соочуваат новинарите и професијата”, рече Антоновски.
Како сериозени проблеми Антоновски ги истакна и ниските плати на новинарите, односно слабо платените новинари од кои не може да се очекува до крај да бидат професионални.
„Ги купуваат бидејќи газдите очекуваат новинарите да им работат за малку пари”, додаде Антоновски.
Според Антоновски деизнформации не потекнуваат само од одредени портали и новинари, туку и од Собранската говорница потенцирајќи ја важноста на релевантноста на изворот.
„Од Собраниска говорница се кажуваат дезинформации, извртени теми што го покренува шрашањето дали треба да се пренесат сите, а треба да се биде и избалансиран. Дали треба се да оди во етер, бидејки така јас станувам само трансмитер на нешто што можеби не е вистина”, рече Антоновски.
Тој исто така детектираше слаба контрола на медиумите коишто добиле лиценци за емитување на програма, прашувајќи дали надлежните ја провериле програмата којашто ја емитуваат, дали има контрола да се види колку имаат авторски содржини или сопствена медиумска продукција, рече Антоновски.
Треба да знаете
Последни објави