Водителката Лила Филиповска демантира дека учествувала во измама на градежната фирма „Дан-Мак“, од каде што обвинуваат дека им биле земени 250.000 евра за наводно учество во ЕУ проекти за изградба на домови на стари лица, објави Фокус.
Порталот МКД.мк објави изјави од наводно измамената Ена Норнилд, косопственичка на градежната компанија, која посочува дека пред две години поднела кривична пријава против Бојан Јовановски и Филиповска, а која според неа, била заборавена во некоја обвинителска фиока.
Лила Филиповска за „Фокус“ појаснува дека изминатиот период се води хајка против неа, со што и е нанесена огромна штета, поради валкање на нејзиното име и чест.
-Кривичната пријава најпрвин била отфрлена, а по жалба до Вишото обвинителство, биле дадени насоки да се извршат дополнителни проверки. Утврдено е дека парите се вратени, за што се доставени и уплатници, велат од Обвинителството, од каде што набрзо најавија повеќе детали за случајот.
Целиот текст тука