Тимоние: Посакуваме да се донесе Законот за ЈО, но сме претпазливи како истиот ќе се усвојува

Амбасадорот на Франција, Кристијан Тимоние, во интервју за телевизија Телма изјави дека посакуваат да се донесе Законот за јавно обвинителство и да биде квалитетен, но исто така се мошне претпазливи во врска со начинот на којшто истиот ќе се усвојува.

Според него, тој процес овозможува да се одговори на некои прашања кои предизвикувале загриженост во Франција, како и дека не е сигурно дека Европскиот совет ќе донесе одлука за преговори во март.

-Најважно е да се усвои новата методологија, а ние како хоризонт си го зацртавме загрепскиот самит во месец мај. Сега се наоѓаме во период кога треба да се донесат одлуки каде ние од една страна треба да си ја завршиме својата работа, но и Македонија и Албанија треба да си ја завршат својата работа и да се донесат одредени одлуки коишто ќе помогнат, најверојатно, да се забрзаат роковите, рече Тимоние.

Треба да знаете
Последни објави