„Лута е на мене и не може тоа да го сфати“: Здравко Чолиќ за односот со сопругата и она за што најмногу му забележува

Сопругата на Здравко Чолиќ, Александра, со која пејачот ги има ќеркиte Уна и Лара, не е изложена во јавноста, а Чола еднаш откри на што најмногу му забележува понежната половина.

-Жена ми е најлута од мене што сум благ со моите ќерки. Таа не може да разбере дека сум толку мек кон нив и дека не можам да им кажам не’, додека таа е претежно строга – рече тој во една прилика во емисијата „Ексклузив“.

По тој повод, пејачот објасни и како неговите ќерки се справуваат со славата што тој ја има.

– Уна веќе знае и е свесна кој е нејзиниот татко, за разлика од Лара, која е помлада. Таа сфаќа дека нејзиниот татко не е некој што седи на каучот таму само кога нејзините пријатели бараат билет за концертот – објасни тој.

Преземено од Вистина.мк

Треба да знаете
Последни објави