САД, Франција и Велика Британија повикаа на итна расправа во Советот за безбедност на ОН за ситуацијата во северозападна Сирија.
„САД, Франција и Велика Британија побараа состанок на Советот за безбедност на ОН за ситуацијата во северозападна Сирија со учество на специјалниот пратеник на генералниот секретар на ОН, Гејр Педерсен и претставници на Канцеларијата за координација на хуманитарните работи”, изјави извор.
Според првичните информации, состанокот би можел да се одржи в четврток. Претходно, генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш повика на итно прекинување на непријателствата во северозападна Сирија.