Синдикатот на унгарски наставници протестира против новиот училишен план, за кој тие велат дека е дизајниран од владејачката партија Фидес за промовирање на својата националистичка програма и ограничување на академските слободи.
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, лидер на Фидес, честопати беше критикуван од Европската унија и организациите за политики кои според нив и наштетуваат на демократијата и на владеењето на правото во Унгарија.
Во секторот образование, Орбан ја ограничи слободата на Унгарската академија на науките и го принуди Централноевропскиот универзитет да ја напушти земјата.
Министерството за образование во петокот го објави Основниот национален наставен план (НАТ), во кој се детализирани наставните материјали во основните и средните училишта.
Демократскиот синдикат на наставници (ПДСЗ) повика на протести против измените што сега стапија како закон.
„Проблемот е кога образовната рамка се заснова на идеологија, а не на професионални принципи”, напиша ПДСЗ на својата веб-страница, велејќи дека „треба да се повлече”.
Наставниците по историја и литература издадоа специјална изјава во која се жалат дека НАТ промовира националистички автори и програми.
НАТ, на пример, меѓу десетте најважни унгарски писатели, го вклучува и Ференц Херцег, кој беше жесток поддржувач на италијанскиот фашистички диктатор Бенито Мусолини.
Сепак, тој не го спомнува Имре Кертез, кој беше почестен во 2002 година за неговата работа за холокаустот.
„Оваа програма бара постојан истакнување на морални и идеолошки погледи…Не остава слобода на размислување, туку диктира што (ние) треба да мислиме”, објави заменикот секретар на Здружението на професори по книжевност.
„Ова може да служи само како програма за диктатура”, оцени Гиорги Фенио.
Портпарол на владата тврди дека програмата била направена од „најдобрите унгарски експерти…по долги експертски дискусии”.
Наставниците што протестираат почнаа да објавуваат фотографии на социјалните мрежи обележани со хаштаг – #noNAT и пароли како „Јас нема да подучувам фашизам”.