ВМРО-ДПМНЕ не сака Закон за ЈО, се залага за амнестија на криминалците

Повеќе од јасно е дека Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не сакаат донесување на Законот за јавно обвинителство кој има за цел да ги зајакне капацитетите на правната држава.
Донесувањето на овој закон е во интерес на правдата, на иднината на нашата држава и помага во остварувањето на стратешката цел- започнувањето на преговорите со ЕУ.

Ако Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ навистина се залагаат за европска иднина на државата треба да покажат дека не сакаат намерно да го опструираат законското решение.

Законот за јавно обвинителство овозможува сите предмети на СЈО, но и сите останати случаи, да имаат професионална и објективна завршница, затоа што само така ќе ја вратиме довербата на граѓаните во правосудниот систем кој што мора да биде независен.

СДСМ е за правда и одговорност, ВМРО-ДПМНЕ е за амнестија на криминалците, за обнова на режимот и изолацијата. Тоа е разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ која од ден на ден станува се поголема, во корист на правдата и иднината на државата и граѓаните.

Таа разлика ќе се потврди и на 12 април кога граѓаните ќе се изјаснат за правда, сигурност и европска иднина, наместо режим, неказнивост и изолацијата што ги нуди ВМРО-ДПМНЕ.

Треба да знаете
Последни објави