Огненовска:  Ги повикуваме сите млади да поднесат кандидатури за пратеници, ја отвораме СДСМ за квалитетни кадри

Соопштение за јавност, обраќање на Блажена Огненовска од СДММ

 
Започнаа постапките за избор на кандидати за пратеници на СДСМ.

Покрај кандидирањето од страна на Општинските организации, Градската организација и Извршниот одбор, отворена е можноста за самокандидирање. СДСМ како партија насочена кон младите, целосно ја почитува одредбата за 30 отсто застапеност на млади на пратеничките листи.

Почитувани млади,

Доколку ги делите социјалдемократските вредности, доколку имате визија и решенија за квалитетни младински политики, доколку сте препознаени како чесни и угледни личности ве повикувам да се вклучите во постапката на самокандидирање.

Покажавме дека постојано ја отвораме партијата за нови, млади и квалитетни кадри, идеи и проекти. Така е и сега и така и ќе продолжиме!

Ќе се спроведе транспарентна, инкулузивна и професионална постапка.

Потоа на Конгрес ќе дојдеме до имињата на најдобрите кандидати кои ќе се најдат на пратеничките листи.

СДСМ знае да го цени и почитува квалитетот и потенцијалот на млади луѓе, нивната енергија и визија. СДСМ отсекогаш работел заедно со младите и во нивен интерес.

Така ќе биде и во иднина и по победата на 12 април. Продолжуваме на прав пат заедно со младите.

Треба да знаете
Последни објави