Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ ќе се обиде по шести пат во својата богата кариера да го освои завршниот Мастерс, кој годинава ќе биде одржан во Торино. Доколку тоа му појде од рака првиот светски тениски рекет, Србинот Ѓоковиќ ќе го израмни рекордот на Швајцарецот Рожер Федерер кога се во прашање завршните мастерс турнири.
Она што е јасно пред ждрепката е дека Ѓоковиќ и вториот на АТП рејтинг листата Медведев не можат да се најдат во иста група. Најдобрите осум тенисери во светот ќе се борат за престижниот пехар во италијанскиот град, кој по 12 години играње во Лондон ќе биде домаќин на тениската елита.
Системот на натпреварување е ист како и претходните години, двајцата најдобри играчи од двете групи ќе се пласираат во полуфиналето и ќе вркаста меѓусебе.
Секоја победа во групата носи 200 АТП бодови, триумф во полуфиналето 400, а во финалето 500 бодови. Титулата ја брани Данил Медведев, кој минатата година во мечот за титулата го совлада Доминик Тим.



