На судењето на Харви Вајнстин вчера на поротниците во судницата им биле прикажани фотографии на кои поранешниот холивудски продуцент е гол и покрај противењето на неговите адвокати.
Судскиот илустратор ангажиран од „Ројтерс“ видел неколку фотографии во моментот кога биле претставени пред поротата и направил неколку цртежи за новинската агенција. Обвинителите не прецизирале зошто се прикажани фотографиите во судницата, ниту пак до колку такви фотографии имаат пристап.
Вајнстин не одговори на прашањата на новинарите што мисли за тоа што поротата ги видела неговите голи фотографии. Сепак, неговата адвокатка, Дона Ротуно, во електронска пошта одговорила дека фотографиите биле прикажани се единствена цел да се понижи господин Вајнстин.
Џесика Ман, жена која го обвини Вајнстин за силување, сведочеше минатата недела за изгледот на голото тело на продуцентот. Вајнстин (67) изјави дека не се чувствува виновен во однос на обвинувањата дека ги злоставувал Ман и уште една друга жена, Мими Халеј.
Ако биде осуден за едно од најлошите кривични дела, предаторски сексуален напад, тој се соочува до доживотен затвор.
Ман во петокот сведочеше велејќи дека Вајнстин нема тестиси и се дека неговиот изглед и се чинел „деформиран“ или „бисексуален“ кога за прв пат го видела.
Судскиот процес е клучна приказна во движењето #MeToo (И мене исто така). Од 2017 година, повеќе од 80 жени го обвинија Вајнстин за сексуално вознемирување, што го стартуваше ова го движење, во кое жените изнесуваат јавни обвиненија против моќни луѓе од деловниот свет, но и од шоу-бизнисот и политиката.