На 04.02.2020 во 12.00 часот на улица „101“ во Гостивар, патничко моторно возило „форд“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од З.З.(44) од Гостивар, удрило во осумгодишен пешак од Гостивар. Во незгодата, детето се здобило со тешки телесни повреди по што бил пренесено во Медицинскиот центар Гостивар за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Гостивар.