Притвор за сите што ги кријат симптомите на зараза и не сакаат да одат во карантин

Сè поголем број луѓе во Кина завршуваат во притвор бидејќи одбиваат да бидат ставени во карантин или намерно кријат дека патувале во области погодени од коронавирус.

Во северозападната провинција Џингаи, полицијата соопшти дека работник мигрант, идентификуван по презимето Гоу, е под истрага за наводно загрозување на јавната безбедност со намерно прикривање дека патувал во Вухан, пренесува „Си-ен-ен“.

Гоу се вратил од Вухан во селото Хашигу минатиот месец, но ја лажирал својата маршрута и датум на враќање, соопшти полицијата.

Според полицијата, тој ги криел симптомите на треска и кашлање од иследниците, како и фактот дека доаѓал во контакт со соседите, но тој исто така молчел и дека неговиот син бил со него во Вухан и дека заедно се вратиле во нивното село.

Инаку, полицијата соопшти дека коронавирусот е потврден и кај двајцата и сега се во карантин.

Слични случаи се забележани во текот на изминатата недела во други кинески провинции, јавуваат државните медиуми

Треба да знаете
Последни објави