Британската полиција уапсила девет лица кои го блокирале седиштето на британската нафтена компанија БП за време на протестите по повод првиот работен ден на новиот извршен директор Бернар Луни.
Повеќе од 100 активисти на „Гринпис“ се обиделе да стават 500 соларни панели пред канцеларијата на БП, блокирајќи ги влезовите на компанијата со канистeри за нафта, пренесува „Ројтерс“.
Во соопштението на лондонската полиција се наведува дека тие биле уапсени заради попречување на сообраќајот и предизвикување нарушување и биле однесени во полициска станица во центарот на Лондон.