Тренерот на шпанскиот фудбалски гигант Реал Мадрид, Зинедин Зидан очекува тежок натпревар за неговата екипа против Реал Сосиедад во четвртфиналето на нациобналниот Куп во четвртокот вечер. Францускиот стратег одби да коментира за кризата во Барселона, претпочитајќи да се фокусира на настапите на „белите”.
– Натпреварот утре е како финале, а не четвртфинале. Никој нема да ни даде ништо. Тие се добар тим и го покажаа тоа многу пати. Мислам само за утре, изјави Зидан за медиумите.
Французинот е сигурен дека шампионот Барселона ќе се бори за секој трофеј и покрај малата криза во која падна тимот.
– Не сакам да зборувам за другите тимови. Нормално е Барселона да се бори за сè до крајот на сезоната. Тие тешко ќе покажат слабости, но сега не размислуваме за тоа. Сè уште не сме освоиле ништо. Може апсолутно се да се случи во фудбалот. Силните секогаш ќе бидат силни, рече Зинедин Зидан.