Кинеските власти соопштија денеска дека ќе ги намалат за половина царините на некои стоки што се од увоз од САД од 14 февруари. Со тоа се надеваат дека ќе работат со Вашингтон за укинување на сите царини во билатерланата трговија. Вкупната сума на увозот е околу 75 милијарди долари.
Кинеското Министерство за финансии соошти дека царините на некои стоки ќе бидат намалени на пет отсто ако претходно биле 10 отсто додека за други тие ќе се намалат од пет на 2,5 отсто.
Кина се надева дека заедно со САД ќе може да го зачуваат трговскиот договор за кој се согласија и да зголемат доверба на пазарите, додаде министерството.