Премиерот Оливер Спасовски заедно со министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески и евроамбасадорот Самуел Жбогар денеска ќе извршат увид во отпочнувањето на градежните активности за рехабилитација и реконструкција на А2 делница Крива Паланка – Деве Баир.
Тие на вршењето на увидот ќе бидат придружувани од директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов и директорот на канцеларијата на ЕБОР во Скопје Анди Аранитаси.