Да се намали даночната стапка на сметководствените услуги, бара Комората на сметководители

Да се намали даночната стапка на сметководствените услуги зашто во спротивно ќе нема кој да книжи и да поднесува завршни сметки, велат од Комората на сметокводители при Сојузот на стопански комори (ССК).

Комората денеска на прес – конференција детално ќе го образложи ова барање, но и, како што најавува, ќе ги соопшти останатите проблеми со кои се соочува фелата поради нефунционалниот систем.

Кохезијата на сите чинители е многу битно за непречено функционирање на даночниот систем, смета Комората. Дополнува и дека од голема важност е и деблокадата на работењето на Институтот на сметководители и овластени сметководители со цел унапредување на професијата.

Треба да знаете
Последни објави