Во Германија во моментов 36 политичари се наоѓаат под заштита на Сојузното биро за борба против криминалот (БКА), соопштено е во Бундестагот, пренесе Хина.
-Од одговорот на министерствто произлегува дека иако е во опаѓање бројот на политичари на кои им е потребна заштита, зачестените напади врз политичари во последно време не даваат причина за опуштање, изјави Бенјамин Страшер, внатрешнополитички портпарол на Пратеничкиот клуб на ФДП.
Меѓу политичарите кои се цел на напади на радикално десничарските сторители е и социјалдемократскиот пратеник Карамба Диабу. Канцеларијата на овој политичар од африканско потекло во Хале само годинава е нападната неколку пати и тоа со огнено оружје.
Минатата година во јуни во непосредна близина на Касел беше убиен демохристијанскиот политичар Валтер Лубке заради својата поддршка за бегалците, а осомничениот за убиството е познат припадник на екстремно десничарската политичка сцена.