У19: Македонија поразена од Србија во квалификациите за Елитната фаза

Младата селекција на Македонија за фудбалери до 19 години е поразена со 1:2 од врсниците од Србија, на стартот од квалификацискиот турнир кој се игра во Албанија.

Човек на одлука беше српскиот репрезентативец Огњен Ајдар кој ги постигна два гола за својата селекција, првиот од 56 минута од пенал, а вториот во 65 минута.

Избраниците на селекторот Дашмир Беари до крајот на натпреварот со голот на Бехар Фета во 78 минута успеаја да намалат на 1:2, но немаа сили да дојдат постигнат уште еден гол и да дојдат до израмнување.

Следниот натпревар на младите фудбалери ќе биде за три дена кога ќе играат против селекцијата на Франција.

Треба да знаете
Последни објави