Поради временската непогода од која настрада покривната констукција во училиштето “Тихомир Милошевски” во општина Ѓорче Петрови, ќе има прекин на наставниот процес од 5 до 7 февруари.
– Во училиштето оштетена е поголема покривна површина со која се предизвика поплава во просториите и прекин на електричната енергија. Се преземаат сите мерки за санирање на штетата, информираат од општината.