Чолаковски: Настапот за Македонија беше неверојатно искуство

Стефан Чолаковски дебитираше за Македонија до 21 година во септември, а сега зборуваше за искуството во репрезентативниот дрес.

Чолаковски е роден во Мелбурн и има 21 година и само поради ковид-мерките во Австралија остана недостапен за селекторот Драги Канатларовски за натпреварите со Украина и Франција во овој циклус. Покрај него поради истата причина не можевме да сметаме и на Метју Божиновски.

„Настапот за Македонија за мене беше посебно искуство. Од дете сонував да играме за репрезентацијата и благодарен сум што Македонија ми даде шанса. Таква понуда не се одбиваше. Играв против Франција, една од најдобрите селекции на оваа возарст со Камвинга кој неодамна потпиша за Реал Мадрид. Неверојатно искуство…“, зборува Чолаковски.

Треба да знаете
Последни објави