Откако продолжи денешното рочиште за Рекет на кое обвинетиот Бојан Јовановски побара дљ биде одложено поради лошата здравствена состојба, се презентираа докази од онвинителството. Прво беа емитувани видео снимки од куќата на Орце Камчев од 20 февруари лани кога Камчев му ги дал парите на Боки.
-20 февруари се гледа влезна врата од домот на Камчев. Кичеец влегува со хартиена кеса. Подоцна пак се гледа Кичеец како разговара со непознато лица кое има лап топ, по што обвинетиот си заминува околу 14.30. околу час подоцна влегуваат Кичеец и Бокин13 со црна машка торба. Во 16.04 излегува Кичеец со торба Луј Витон, а по три минути Боки 13 и Камчев.
Тоа се снимки кои јавноста ги виде по објавувањето од Ла Веритас.
Новинарите во судницата имаа можност да видат снимки од внатрешноста на куќата на Камчев, односно излегувањето на обвинетите пред да влезат во фоајето. Кичеец и тука е со торбата. Беа прикажани и непознати снимки од внатрешноста на гаражата на Камчев кога доаѓаат и си одат Боки и Кичеец со портокаловиот автомобил. Кога си заминуваат Кичеец седнува зад воланот и торбата Лиј Витон ја остава на задното седиште.