Палестинското движење Хамас, кое е на власт во Појасот Газа, го поздрави нападот во Ерусалим во кој се повредени 14 лица, и го смета за одговор на блискоисточниот мировен план на американскиот претседател Доналд Трамп.
Израелската полиција денеска соопшти дека води истрага за „терористички напад”, откако автомобил удри во толпа народ во Ерусалим при што беа повредени 14 лица.
– Операцијата за отпор во центарот на окупираниот Ерусалим е одговор на нашиот народ на планот на Трамп за уништување, се вели во соопштението на портпаролот на Хамас, Хазем Касем.
Меѓу 14-те повредени, 12 се израелски војници.