Тешко повреден пешак во Скопје

На 05.02.2020 во 22.20 часот на крстосница од ул.„Бледски договор“ и „Трифун Пановски“ во Скопје, патничко возило „мицубиши колт“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(20) од Скопје, удрило во пешакот Р.Ј.(53) од Скопје. Во незгодата, Р.Ј. се здобила со тешки телесни повреди, по што била пренесена во Градската општа болница „8 Септември“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави