Деветнаесет странски државјани заразени со коронавирус во Кина

Во Кина се регистрирани 19 случаи на зараза со коронавирус кај странски државјани, а двајца од нив веќе се пуштени од болница, изјави портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Хуа Чун Чунинг.

Хуа рече дека 17 други странски државјани се ставени во карантин и дека се преземаат сите неопходни мерки, без да прецизира од кои земји се тие лица.

За кинеската влада, здравјето и безбедноста на другите земји не е помалку важно од спасувањето на животите на кинескиот народ, истакна Хуа.

Треба да знаете
Последни објави