Jасмина Костеска Здравеска е обвинителката задолжена за предистрагата за медицинскиот отпад на „Еко клуб“ за кој Град Скопје објави шокантни видеа и фотографии како доказ дека човечки органи и инфициран медицински материјал несоодветно се уништува и дека е оставен на кучиња скитници да го користат како храна. Дали тоа што обвинителката Здравеска е назначена во предметот е причина плус предистргата да не може да заврши за два месеца по поднесената пријава, пред се, затоа што прикажаните видео и фотоматеријали алармираат на скандал кој имал потенцијал да предизвика зарази кај вработените во „Еко клуб“, а некои кучиња можеби и се заразени со оглед на постојаниот пристап до крвта и органите, пишува за скандалот Нова ТВ.
Која е Здравеска и дали навистина таа може намерно да ја опструира истрагата?
– Таа е сопруга на Вецко Здравески. Двајцата потекнуваат од Кичево. Сопругот беше член на Комисијата за лустрација и беше задолжен за досието на писателот Славко Јаневски, кого и го лустрираа. Здравески потоа се пријави на конкурсот за член на Антикорупциска комисија, но таму не успеа да ги мине филтрите на независната комисија за избор на членови, за разлика од Комисијата за лустрација кога во ВМРО-ДПМНЕ се избираа кадрите.
На тоа упатува и прислушуваниот телефонски разговор на Сашо Мијалков со Гордана Јанкуловска во кој прво се потврдува дека Вецко Здравески е партиски кадар, со учество на партиски состаноци, а клучното е дека поради неговата партиска послушност неговата сопруга, обвинителката Здравеска била избрана за јавна обвинителка во Основното обвинителство Скопје. Токму Мијалков и Јанкуловска договораат нејзин избор за обвинител.
СМ: Горде
ГЈ: Еј, кажи.
СМ: Таа што сме ја договориле ние тогаш, таа е таа од Кичево? (мисли на обвинителката Јасмина Костеска Здравеска н.з.)
ГЈ: Ууу, ич не знам Сашо…
СМ: Маж и бил некој у Антикорупциска, некој што нé поддржувал?
ГЈ: Ааа, не у Антикорупциска, у Лустрациска да не беше?
СМ: Како?
ГЈ: У Лустрациска, не во Антикорупциска.
СМ: У Лустрациска?
ГЈ: Да.
СМ: Може да е.
ГЈ: Знаеш кој? – Од Кичево оној, Вецко еден, така, помлад што е… (Вецко Здравески, сопруг на Јасмина Здравеска н.з.)
СМ: Ние ја договоривме таа тогаш, така?
ГЈ: Па, таа ја квалификувавме како наша.
СМ: Епа, ај да не мењаме, тогаш ќе идеме со таа, па оваа ќе ја остаиме за следниот пат
ГЈ: Наша е, да го видиш, ќе ти текне на човекот.
СМ: Ако нé поддржава тој таму во Антикорупциска…
ГЈ: Во Лустрациска…
СМ: Во Лустрациска, ма да таму не знам што се поддржава…
ГЈ: Абе, знаеш таму луда банда се, ама тие се тие за наши што ги рачунаме. Тој шо е најмлад, еден црн, така, со брада, на состаноци шо доаѓал, тој најмладиот, таа му е жена на него.
СМ: Епа ајде тогаш да ја стаиме таа, а наредната да биде оваа Гоџовска (н.з. сестра на Никола Тупанчевски кој е против законот за ЈО) и готово.
ГЈ: А, наредниот пат оваа не може и така, ок.
СМ: Пошто Марко вика, ако му е сестра, он си ја знае, ќе си ја земеме кај нас
Овој разговор меѓу Гордана Јанкуловска и Сашо Мијалков е на 19:30 минути од аудио снимката