Комплексот од четирите највисоки згради во земјава – Џевахир Скај Сити, во сабота, 8 февруари, ќе организира „Отворен ден“. Сите заинтересирани ќе можат да ги искусат придобивките кои животот во овој вид голем станбен комплекс ги нуди, како што се удобност, безбедност и организација, и да видат зошто животот во Скај Сити е толку посебен. Посетителите ќе имаат ексклузивна можност да видат неколку опремени станови на 38-ти кат во кулата А, кои пружаат неверојатен поглед на Скопје. Тимот за продажба ќе ги претстави становите, како и целиот комплекс со сите негови неверојатни предности – модерно дизајниран простор за живеење, одлични градежни перформанси и висока енергетска ефикасност. Сите гости ќе можат на лице место да го видат сопствениот систем за греење и ладење, заштитата од пожари и постојаната контрола на влезот, модерните и високо ефикасни лифтови, како и целосно функционалниот простор за живеење, поврзан со сите удобности – базен, теретана, гаража и трговски центар кој е во изградба.
Секој кој размислува за свој дом или за мудро инвестирање, за време на отворениот ден ќе може да добие одговори за се што го интересира, за да може полесно да донесе одлука и да стане дел од приказната на Џевахир Скај Сити.