Песков: САД да престанат да ја демонизираат Русија во своите внатрешни политички борби

Кремљ се надева дека САД ќе престанат да ја демонизираат Русија, користејќи ја во своите внатрешни политички борби, што ќе придонесе за нормализација на односите меѓу двете земји, изјави денеска портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

Замолен да го искоментира завршувањето на процесот на отповикување на американскиот претседател Доналд Трамп, Песков на прес конференцијата кажа дека Русија „традиционално се држи до ставот дека нема право да се меша во внатрешните работи на САД”.

-Одлуката на американскиот Сенат да не го отповика Трамп беше очекувана и не ги изненади дури ни оние кои не се експерти за американските внатрешни работи, рече Песков, пренесе Тасс.

Тој истакна дека најважно е во текот на сите домашни и предизборни борби САД да престанат да ја користат Русија како главната „бабарога” и демон, што го оцени како целосно неприфатливо.

Треба да знаете
Последни објави