Јоксимовиќ: Новата методологија на ЕУ не е поради Србија, туку поради Северна Македонија и Албанија

Новата методологија на ЕУ е само технички инструмент со кој Унијата испраќа политички сигнал дали проширувањето ќе биде забрзано или забавено, изјави српската министерка за европски интеграции, Јадранка Јоксимовиќ.

Таа за РТС нагласила дека методологијата не се менува поради Србија, туку поради Северна Македонија и Албанија, кои лани не добија зелено светло за почеток на преговорите.

Таа појаснува дека државите кои се во процес на преговори треба да одлучат дали ќе ја прифатат новата методологија или не.

Според неа, Србија не мора да ја прифати новата методологија. „Србија не е опфатена со новата методологија, освен ако самоволно и врз основа на проценка колку е корисна, доброволно не одлучи да ја прифати“, вели таа.

Србија досега има отворено 18 поглавја во преговорите за влез во ЕУ.

Треба да знаете
Последни објави